Свет

30 јули, 2019

„Dark Horse“ на Кејти Пери е плагијат

Еден од најголемите хитови на американската ѕвезда Кејти Пери, „Dark Horse“ е плагијат, пресуди деветчлената федерална порота во Лос Анџелес. Имено, било утврдено дека пејачка копирала делови од помалку познатата песна „Joyful Noise“ од христијанскиот хип-хоп уметник Флејм.

Пејачката, која се потпишува како авторка на „Dark Horse“ заедно со продуцентите Макс Мартин, Д-р Лук и Сиркат, не била присутна за време на прогласувањето на пресудата, но претходно сведочела дека никогаш не ја слушнала песната од Флејм. Поротата допрва треба да ја одреди казната, а веќе се шпекулира дека оштетата ќе има осумцифрена сума.

Двете песни можете да ги споредите во продолжение:



Врати се горе ↑