Аудио katy-perry-dark-horse

10 јануари, 2014

„Dark Horse“ е новиот сингл на Кејти Пери

Во ноември минатата година, Кејти Пери го претстави својот трет студиски албум насловен „Prism“, а по првите два сингла – мегахитот „Roar“ и баладата „Unconditionally“, како трет сингл од ова издание неодамна беше претставена темата „Dark Horse“ во која гостува раперот Џуси Џеј. Синглот дебитираше на 11-тото место на билбордовата Хот 100 листа, а оваа недела веќе се искачи на 6-тата позиција. Како звучи оваа соработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑