12 февруари, 2016

Дарио со нов сингл и видео запис ви ги честита Св. Валентин и Св. Трифун

Дарио штотуку го претстави својот нов сингл и видео запис, со кој го најавува претстојниот албум „Ако силно посакам“. Станува збор за темата насловена „Со тебе и без тебе“, чиј автор е самиот Дарио, а аранжманот го направи Кристијан Габроски, додека за екранизацијата се погрижи продукцијата „Фабрика“.

„’Со тебе и без тебе’ нека биде моја честитка до сите вљубени за Св. Валентин и до сите боеми за Св. Трифун“, порача музичарот, а како звучи и изгледа сето тоа, можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑