10 ноември, 2012

Дарио се враќа на музичката сцена со нова песна

Еден од најдобрите поп пејачи во Македонија, Дарио се враќа на музичката сцена со нова песна. Станува збор за нумерата „Зборови погрешни“ со која го најавува неговото враќање по пауза од неколку години. На прес конференцијата која се одржа неодамна, пејачот изјавил дека сака на публиката да ѝ понуди нов материјал и тоа да биде на секои три до четири месеци.

План за нов албум за сега нема, но и тоа може да се реализира. Тој исто така изјави дека периодот на мрзеливост и стагнација поминал, сега сака да внесе динамика во неговата работа, па на почетокот од следната година веројатно ќе следува уште една песна.

Видео записот кој беше промовиран во Триумфалната Порта „Македонија“ е изработен од Александар Ристовски Принц, а во однос на самата композиција, музиката и текстот се на Дарио, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Кристијан Габроски. Како гости се јавуваат Дарко Тасев на гитара и Весна Малинова како придружен вокал, а ова е комплетно нова екипа со која Дарио соработува. Погледнете го видео записот и слушнете ја новата песна.




Врати се горе ↑