Македонија

27 мај, 2019

Дарио подготвува нов летен хит

Додека во радискиот етер сè уште е присутен неговиот најнов сингл „Иншала“, Дарио Панковски веќе го подготвува неговиот наследник и нов летен хит во најава. Имено, познатиот музичар деновиве сподели неколку фотографии во кои може да се види работната атмосфера во студиото на неговиот долгогодишен соработник и колега Кристијан Габроски.

Сè уште не се познати многу детали за новата песна, освен дека ќе биде на македонски јазик, а имајќи го предвид и успехот што го постигна лани во Хрватска, од кој произлезе и договорот со реномираната дискографска куќа „Југотон / Кроација рекордс“, сигурно во подготовка се и други песни на хрватски јазик.

Додека го очекуваме новиот летен хит на Дарио, уживајте со актуелниот сингл „Иншала“!



Врати се горе ↑