Настани dario

27 декември, 2013

Дарио на 1-ви јануари во Битола

Познатиот кантавтор Дарио новата 2014 година ќе ја започне со настап во битолскиот ноќен клуб „Расчекор“, а забавата е закажана за првиот ден од следната година, пренесува битолската телевизија Орбис. За дружбата со битолчани тој вели дека е светска премиера на неговите нови песни кои ги сними во изминатава година, но секако дека дел од вечерта ќе бидат и неговите стари хитови како што се „Дупла вотка“, „Косоока“, „Армија“ и други.

По пауза од неколку години, музичарот се врати на музичката сцена во ноември минатата година, кога ја претстави темата „Зборови погрешни“, по која следуваа и соработката со ДНК за „Безобразно лажам“, летниот хит „Весела песна“ и сè уште актуелната „Скршено огледало“. Дарио ќе ја помине најлудата ноќ во домашна атмосфера, со семејството и во подготовка за настапот во Битола.

 



Врати се горе ↑