10 декември, 2015

Дарио ја претстави новата песна „Не ми е страв“

По најавниот сингл „Има еден град“, Дарио претстави уште една песна од претстојниот албум „Ако силно посакам“, кој ќе биде јубилејно 10. студиско издание за познатиот музичар. Станува збор за темата насловена „Не ми е страв“, чиј автор на музиката и текстот е самиот Дарио, аранжманот го направи Кристијан Габроски, а екранизацијата е дело на продукцијата „Фабрика“.

Најавувајќи ја новата песна, Дарио им се обрати на своите фанови преку неговата страница на Фејсбук и соопшти дека отсега самиот лично ќе им ги соопштува новитетите што ќе следат. Како изгледа и звучи новиот сингл на популарниот пејач можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑