Македонија

22 јули, 2018

Дарио ја најави премиерата на новиот проект

Пред речиси два месеца, Дарио Панковски ја сподели веста за еден интересен проект и ги покани сите свои обожаватели да бидат дел од него. Имено, во соработка со најголемиот мотивациски говорник во целиот регион, Ана Бучевиќ, Дарио сними хрватска верзија на песната „Што е мое ќе си дојде“, која се најде на последниот албум  Ако силно посакам“, а за сето тоа да добие соодветна екранизација, пејачот сакаше во неа да се најдат и најголемите виновници за неговата долгогодишна успешна кариера – неговата верна публика.

Фотографија на Dario Pankovski.

„Поздрав до сите среќни, позитивни, вортекс-луѓе низ целиот наш регион и низ целиот свет. Зборуваме за видео спотот ’Što je moje to će doći’, затоа што го правевме сите заедно и се потрудивме сите заедно. Испративте навистина многу ваши видео снимки и баш се намачивме сето тоа да го селектираме и монтираме колку што е можно најдобро. Би сакал да ви кажам дека можете многу брзо, овие денови да ја очекувате промоцијата на нашиот заеднички видео спот ’Što je moje to će doći’. Ви благодарам искрено на сите што се потрудивте, што ги испраќавте вашите видео снимки, што бевте инвентивни, што бевте среќни, весели и позитивни. Сето тоа зрачи од вашите снимки и се надевам дека сите заедно ќе испратиме огромна, позитивна, вортекс порака до целиот свет. Поздрав до сите и се гледаме наскоро“, вели Дарио во видеото што го објави на Фејсбук.

Здраво луѓе! Поздрав до сите среќни, позитивни, вортекс луѓе низ целиот наш регион и низ целиот свет. Зборуваме за видео спотот "Što je moje to će doći", затоа што го правевме сите заедно и се потрудивме сите заедно. Испративте навистина многу ваши видео снимки и баш се намачивме сето тоа да го селектираме и монтираме колку што е можно најдобро. Би сакал да ви кажам дека можете многу брзо, овие денови да ја очекувате промоцијата на нашиот заеднички видео спот "Sto je moje to ce doci". Ви благодарам искрено на сите што се потрудивте, што ги испраќавте вашите видео снимки, што бевте инвентивни, што бевте среќни, весели и позитивни. Сето тоа зрачи од вашите снимки и се надевам дека сите заедно ќе испратиме огромна, позитивна, вортекс порака до целиот свет. Поздрав до сите и се гледаме наскоро. ЧАО! 🙂 🙂 🙂

Gepostet von Dario Pankovski am Sonntag, 22. Juli 2018

 

„Само петпати во животот ми се случило една песна да ми легне при првото слушање, а оваа песна ми легна уште во првите 30 секунди! Музиката, аранжманот, гласот, зборовите кои не ги разбирав тогаш… Целата таа вибрација на песната ме убеди дека треба да постои и на хрватски јазик и отсега ќе биде химна на сите мои настани“, рече Ана Бучевиќ, раскажувајќи ја приказната за тоа како се роди оваа приказна, а крајниот резултат ќе го дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑