Балкан

31 мај, 2018

Дарио има интересен нов проект, бидете и вие дел од него!

По пауза од две години од објавувањето на својот седми студиски албум „Ако силно посакам“, Дарио Панковски подготвува еден интересен музички проект, а дел од него можете да бидете и вие!

„Голем поздрав до сите мои драги пријатели, каде и да се наоѓате! Ви се обраќам после подолг период затоа што имам повеќе од одлична причина за тоа. Се работи за еден мој потполно нов музички, но и многу повеќе од музички проект, кој го започнува својот пат, верувале или не, директно од Сплит, Република Хрватска. Како? Мнооогу интересно и неверојатно…судбински“, пишува познатиот пејач во соопштението за новиот проект.

Голем поздрав до сите мои драги пријатели, каде и да се наоѓате!Ви се обраќам после подолг период затоа што имам…

Gepostet von Dario Pankovski am Mittwoch, 30. Mai 2018

 

Станува збор за хрватска верзија на неговиот сингл „Што е мое ќе си дојде“, овој пат со насловот „Што је моје то ће доћи“ и е во директна соработка со најголемиот мотивациски говорник во целиот регион, неверојатната Ана Бучевиќ, која детално ја опиша целата приказна во 15-минутно видео. „За овој проект можам да пишувам уште десет страници, но ќе ве оставам самите да го откриете и доживеете… вреди, верувајте! Како што реков, сето ова започнува од Хрватска, а до каде ќе оди, никој од нас не знае“, заклучи Дарио.

 

„Пред месец-два добив мејл од една прекрасна млада жена по име Андреа, дека нејзиниот татко, познатиот македонски пејач Дарио Панковски, инспириран од мене напишал една песна“, објаснува хрватската авторка на три бестселери како дошло до овој проект. „Само петпати во животот ми се случило една песна да ми легне при првото слушање, а оваа песна ми легна уште во првите 30 секунди! Музиката, аранжманот, гласот, зборовите кои не ги разбирав тогаш… Целата таа вибрација на песната ме убеди дека треба да постои и на хрватски јазик и отсега ќе биде химна на сите мои настани“, додава таа.

 

А сега да го објасниме и делот кој се однесува на сите што би сакале да учествувате во овој интересен проект. Хрватската верзија на овој хит на Дарио е веќе објавена како текстуално видео, со цел што побрзо да ги научите стиховите и потоа да се снимите како ја пеете и уживате во неа. Видео-снимките, без оглед дали се од целата песна или само од дел што најмногу Ви се допаѓа, треба да ги прикачите на апликацијата WeTrasfer и да ги пратите на адресата: [email protected]. Задолжително да напишете име и презиме, град и порака дека давате дозвола за снимката да се користи во официјалното видео.

Како што вели Ана, за снимките ќе чекаат месец дена, што значи најдобро би било да ги испратите до крајот на јуни. За почеток, слушнете како звучи „Што е мое ќе си дојде“ на хрватски јазик. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑