Видео

5 мај, 2016

Дарио го промовираше новиот албум и два видео записа

Пред голем број пријатели, колеги, новинари и обожаватели македонскиот кантавтор Дарио Панковски вчера во ресторанот „Бугати бистро“ го промовираше својот седми студиски албумАко силно посакам“, на кој работеше во изминатите две години.

Покрај албумот, Дарио промовираше и два нови видео записа, еден за преработката на песната „Една гитара“ на доајенот на македонската музика, Јонче Христовски, и видео записот за темата „Што е мое ќе си дојде“. 

„Ова е прва преработка во мојата стогодишна кариера. Десет години планирам да му посветам еден омаж на мојот добар пријател и еве, конечно, си ја остварив таа желба. За мене Јонче е најголемата и единствена вистинска македонска патриотска ѕвезда. Ја избрав неговата најтажна љубовна песна. Нека му е вечна слава!“, изјави Дарио за преработката на „Една гитара“, а како звучи и изгледа сето тоа погледнете во продолжение.

 

На албумот се најдоа десет наслови меѓу кои и „Има еден  град“, „Со тебе или без тебе“, „Не ми е страв“, „Скршено огледало“, „Трилер“, „Зборови погрешни“, „Весела песна“ и „Безобразно лажам“, на која му гостуваат момците од ДНК.

Музиката и текстот на песните ги направи Дарио, а за аранжманот и продукцијата беше задолжен Кристијан Габровски и Дамир Имери. Како музички соработници на ова издание се јавуваат Дарко Тасев, Владимир Дојчиносвки, Весна Малинова, Ристо Самарџиев.

Дизајнот на обвивката на цедето го изработи синот на пејачот, Бруно Панковски.

13174001_1013024568733393_7314763039698413455_n

Новиот албум „Ако силно посакам…“ може да се купи на продажните места „Југотон“ (ГТЦ), „Литиум рекордс“ (ГТЦ) и „Камарад тобако“ (Веро Тафталиџе), како и низ цела Македонија по цена од 200 денари.

„Имате на располагање 10 песни напишани искрено, од срце, некои веќе слушнати, а некои сосема нови. Ви ги посветувам вам, на моите верни поддржувачи, слушајте и уживајте“, порача познатиот музичар, а за крај уживајте со видео записот за „Што е мое ќе си дојде“.



Врати се горе ↑