Македонија 12540770_953884954647355_8677313306206755847_n

11 февруари, 2016

Дарио го најави новиот сингл „Со тебе и без тебе“

Дарио продолжува да го промовира материјалот од новиот албум, па после инстант-хитовите „Има еден град“ и „Не ми е страв“, музичарот утре ќе го претстави третиот сингл од претстојното издание, а темата насловена „Со тебе и без тебе“ е динамична, во модерен латино стил и доаѓа спакувана со видео запис, изработен од продукцијата „Фабрика“. Како автор на музиката и текстот се потпишува самиот Дарио, а аранжманот го направи Кристијан Габроски.

Новиот албум ќе го носи насловот „Ако силно посакам“ и ќе биде јубилејно 10. студиско издание за пејачот, а неговата промоција се очекува на пролет.



Врати се горе ↑