Настани

7 јули, 2016

Дарио, Бени, Игор, Угро и многу други на „Дојран ЕЧИ 2016“

На 29 и 30 јули, на паркингот на хотел „Гранит“ во Дојран ќе ечи музиката на едни од најпознатите македонски музички имиња, а сето тоа во рамките на првото издание на фестивалот „Дојран ЕЧИ“.

„’Дојран ЕЧИ’ е всушност 48-часовна манифестација составена од 3 сегменти кои заедно со екипата на „ЕЧИМЕ медија“ работат да создадат спомени и да изнудат насмевки на повеќе илјадната публика која ќе нè удостои со своето присуство“, велат организаторите.

13626398_538504549668169_5578408575418618735_n

Најавени се настапите на Бени и „Нон стоп“, Игор Џамбазов, Дарио, „Ареа“, Владо Јаневски, „Куку леле“, „Либеро бенд“, Угро и многу други. Картите се веќе пуштени во претпродажба во продажната мрежа на www.kupikartizase.com и тоа:
(Дводневна фестивалска влезница, дводневна влезница за дневни забави) – 400 ден.
– (Дводневна фестивалска влезница, дводневна влезница за дневни забави, кампинг простор) – 500 ден.
ПРОМОТИВНО: До 15 јули, со секоја купена влезница добивате ваучер за пијалок во вредност од 400 денари, од 15 до 25 јули, добивате ваучер во вредност од 200 денари.

Повеќе информации за настанот на Фејсбук.

13512042_533993590119265_6826179871865604386_n



Врати се горе ↑