Аудио darija-lukic

30 декември, 2012

Дарија Лукиќ ја претстави новата песна

Во изминатите години голем дел од музичките имиња за прв пат се појавиле на музичко талент шоу, па така е и во случајот со Дарија Лукиќ, која беше учеснична во минатогодишното издание на „Првиот глас на Србија“. Деновиве таа ја претстави нејзината нова песна, која е прв сингл на младата пејачка заедно со нејзиниот бенд Луна, а претставува и најава за макси сингл од три песни кој ќе излезе на крајот на месец февруари, пишува српска Трачара.

Овој сингл е создаден во студиото Ателје Луис и е резултат од соработката со продуцентот Перо Калуѓеровиќ, а она што е посебен куриозитет е гостувањето на трубачот Дејан Петровиќ. Во врска со новата песна, Дарија изјавила: „Тоа е конечно емотивната Дарија која сите треба да ја запознаат.“ 

Слушнете ја „Није крај“ од оваа млада српска пејачка.

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑