Настани 539911_10200904380552724_1305379495_n

4 април, 2013

Дарен Емерсон на 13-ти април во Колосеум

Продукција Сонце со особено задоволство го најавува гостувањето на поранешниот фронтмен на легендарните UNDERWORLD, лондонскиот супер стар диџеј Дарен Емерсон. Неговиот настап во живо е закажан на 13-ти април во клубот Колосеум. На жешкиот подиум покрај Дарен, ќе се ужива и во сетовите на нашите најдобри:

BABURA
BOBI
KOX (tribal progressive uplifting tech-trance set)

Со почеток во 23:00 часот на 13-ри април се случува уште една урбана забава, која е дел од мисијата на Продукција Сонце: „Не смееме да направиме пауза со урбаните дози со кои се обидуваме да го вратиме квалитетниот ноќен живот во Скопје и неговиот пулс кој навистина знаеше во ноќните часови да не раздрма сите до еден. Токму затоа ја продолжуваме нашата мисија, а на 13-ти април Скопје ќе биде сведок на уште една успешна клубска приказна“ – вели Дарко од Продукција Сонце.

Влезниците се во предпродажба по супер промотивна цена од 200 денари, започнувајќи од вчера (среда 03.04.2013). Истите може да ги најдете во Југотон, Офис Плус (Рамстор, Сити Мол, ГТЦ, Палома Бјанка). Исто така билети може да се најдат и во салоните на ONE ширум Македонија.



Врати се горе ↑