Аудио danijela-martinovic

26 декември, 2012

Данијела Мартиновиќ пее „Распашој“

Една од најпознатите и најуспешни хрватски пејачки Данијела Мартиновиќ, на почетокот на месецов го промовираше нејзиниот најнов сингл „Распашој“. Откако во 2011 година го издаде нејзиниот деветти по ред студиски албум насловен „Уникат“, ова е втор нејзин сингл по летниот хит „Бродолом“, со кој се претстави на Сплитскиот Фестивал годинава. Во продолжение преслушајте ја „Распашој“, чија музика и текст ги потпишува нејзиниот партнер Петар Грашо, а аранжманот е на Реми Казиноти.

Данијела за Нова Година ќе настапува во Куманово, затоа кумановци подгответе се за Распашој!

 



Врати се горе ↑