Македонија za mtv-m2

24 септември, 2015

Даниел тргна на патот за Милано

Најверните фанови на Даниел Кајмакоски гласаат активно веќе од 15 септември за „Најдобар изведувач од Балканот“ (Best Adria Act) на европските музички награди на Ем-ти-ви (MTV EMA 2016). Сите кои сакаат да го поддржат нашиот единствен номиниран артист – Даниел Кајмакоски може да гласаат на следниот ЛИНК. Во истата категорија со Даниел се и „Ту челос“, Марчело, „Хладно пиво“ и Сасја.

Гласањето се одвива исклучиво онлајн, од 15 септември до 24 октомври. Во гласањето е дозволено едно лице да гласа безброј пати од еден компјутер или мобилен телефон. Победниците ќе бидат прогласени на свеченото доделување на наградите, на 25 октомври во Милано, Италија.



Врати се горе ↑