Македонија suncane-skale-youtube-videostill

14 јуни, 2014

Даниел, Тара, Диме и Јоце на „Сунчане скале 2014“

Познатиот црногорски фестивал „Сунчане скале“ годинава слави јубилеј од две децении, а на 20-тото издание кое ќе се одржи на 2 и 3 јули во Херцег Нови, ќе настапат бројни ѕвезди од регионот. Во рамките на првата вечер која ќе биде од натпреварувачки карактер ќе се претстават и Димитар АндоновскиАлександар Тарабунов и Евгенија Чанчалова Еги, додека во втората ревијална вечер ќе настапи Јоце Панов, а специјален гостин ќе биде Даниел Кајмакоски.

Андоновски ќе ја отпее баладата „Ако ме боли“, која му го донесе третото место на минатогодишниот Скопски фестивал и чии автори се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Милан Миланов (текст). Тара на српски јазик ќе ја отпее песната „Глумеше ангел“, која е негово авторско дело, а аранжманот е на Дамјан Лазаров. Талентираната кумановка Еги ќе се претстави со песната „Дај ми да сонам“ за која музиката ја напиша Григор Копров и со текст на Борче Димитров, а аранжман на Владимир Дојчиновски. (кој сè ќе настапува на фестивалот можете да прочитате тука)

Во чест на 20-годишниот јубилеј, на ревијалната вечер публиката ќе се потсети на хитовите отпеани на овој фестивал за овие две децении. На овој реномиран фестивал настапиле бројни ѕвезди од регионот како што се Жељко Јоксимовиќ, Нина Бадриќ, Владе Георгиев, Ивана Банфиќ и други, а од македонските изведувачи на оваа сцена запеале и Тоше Проески, Каролина Гочева, Калиопи, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска, Емил Арсов, Денис Мурат, Зои Блаж, Даниел Дан, Офсајд и други.

 



Врати се горе ↑