Македонија

13 април, 2016

Даниел повторно на пат да го освои врвот на Ем-ти-ви

Иако во моментов е вниманието е повеќе насочено кон неговите одлични имитации во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски продолжува да реди успеси и со своите синлгови, а неговиот неодамна објавен хит „Само за љубав“  е на добар пат да биде третиот видео запис за пејачот кој го освоил врвот на регионалната топ листа на Ем-ти-ви, „Домаќинка“.

Имено, најдобриот балкански изведувач за 2015 година претходно се искачи на првото место на оваа листа со минатогодишниот хит „10 лета“ (Деценије), кој воедно беше избран и за втор најгледан видео запис од регионот, како и со филмската „Не могу против срца свог“, а неговиот актуелен сингл во моментов е на 6. место. Поддржете го Даниел уште еднаш да се искачи на врвот и гласајте овде.

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑