15 ноември, 2012

Даниел Павловиќ се враќа со нов спот

Младото момче кое го паметиме како дел од популарното музичко шоу „Операција Триумф“, пејачот Даниел Павловиќ ги израдува неговите фанови со видео запис за неговата нумера „Да ме више не волиш“, која се разликува од неговите претходни видео записи, а го режираше Марко Совиљ. Павловиќ, кој покрај пејачката кариера е и сопственик на приватно училиште за пеење „Виво“, изјавил дека оваа песна е автобиографска.

По завршувањето на „Операција Триумф“, Даниел е активен на музичката сцена. Тој настапуваше на неколку фестивали како што се Беовизија и Сунчане Скале, пеејќи дуети со колешките од шоуто Милица Мајсторовиќ и Ана Бебиќ. Минатата година го издаде и неговиот деби албум, каде што се наоѓа и „Да ме више не волиш“, чиишто текст и композиција ги потпишува самиот Павловиќ, а аранжманот е на Зоран Костиќ.

 



Врати се горе ↑