Настани nb-dk-bm

28 октомври, 2014

Даниел, Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ специјални гости на „МАРС 2014“

Како што Ви пренесовме неодамна, седмото издание на македонскиот радиски фестивал „МАРС 2014“ годинава ќе се одржи на 25 ноември во Универзалната сала, а денеска беа објавени и имињата на специјалните гости кои со своите настапи ќе ја збогатат претстојната манифестација. Наградите за Ѕвезди од соседството и овој пат ќе отидат кај две големи музички имиња: првата е една од најпознатите и најпопуларни хрватски поп пејачки, атрактивната поп дива Нина Бадриќ, чии песни годинава беа големи радиски хитови во регионот, а другиот е популарниот црногорски пејач кој работи и живее во Белград, Бојан Маровиќ. За нивното гостување има неколку причини.

„Нина беше најголемиот фан и поддржувач меѓу целата естрада во регионот на нашиот Даниел Кајмакоски додека тој се натпреваруваше во регионалниот музички натпревар ’Х фактор’. Таа со Даниел на неодамна завршените годинешни Руњичеви вечери заедно во дует ја отпеаја песната ’Један од многих. Освен тоа Нина е сè попопуларна во Македонија, а доказ за тоа е и е изборот на нашата Елена Ристеска да ја имитира на ТВ шоуто ’Твоето лице звучи познато’, за што повторно Нина имаше само пофални зборови кои ги сподели на социјалните мрежи и за нив доби илјадници лајкови. Сето тоа е доволна причина да ја видиме како специјална гостинка на МАРС 2014“, велат организаторите.

„Бојан Маровиќ пред точно 10 години токму во Скопје, односно во Универзална сала го направи својот прв голем солистички концерт во кариерата. Од Скопје сè му тргна, а подоцна многу пати гостуваше во Македонија. Неговиот јубилеј се поклопува со оној на градот Скопје, па затоа решивме да го удостоиме и ние него и тој нас на МАРС, на чие прво издание, пред седум години и ја понесе наградата за тогаш најпопуларен пејач во Македонија од регионот. Секако тука е и нашиот Даниел Кајмакоски. 2014 беше негова година и затоа заслужува да биде награден, иако тој допрва треба да покаже и докаже дека овој негов успех не бил случаен“, објаснуваат извршните продуценти на МАРС 2014.



Врати се горе ↑