Настани 10478566_832676623438526_4167802292328803229_n

28 октомври, 2014

Даниел, Ламбе и Лозано на хуманитарен натпревар во Битола

Во среда (29 октомври), во спортската сала „Младост“ во Битола ќе се одржи хуманитарен натпревар под мотото „Заедно за еден млад живот“, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на 26-годишниот Игор Наумовски, кој има потреба од медицински третман во странство.

Гости на манифестацијата ќе бидат и популарните пејачи Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски и Даниел Кајмакоски, кои ќе отпеат по неколку хитови и ќе одиграат фудбал со великаните на македонскиот фудбал (Тони Мицески, Митко Стојковски, Ванчо Мицевски, Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Саша Ќириќ и многу други).

Натпреварот ќе започне во 17 часот, а влезниците имаат симболична цена од 100 денари.

И.Ј.



Врати се горе ↑