21 септември, 2016

Даниел Крстески полуде по „Милена“

Талентираниот пејач Даниел Крстески ја претстави својата најнова песна насловена „Милена“, за која повторно соработуваше со тандемот што ги потпиша и неговите претходни две песни „Ти имаш сè“ и „Да оживеам“ – Ристо Самарџиев (музика и текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман).

„Милена“ стигна заедно со видео запис во режија на Филип Јакимоски, кој се снимаше неодамна на базенот „Пул хаус“ во Скопје, а покрај Даниел се појавуваат и моделите Лена и Жалина.

milena

„Песната наиде на многу позитивни критики кај публиката и тоа беше главната причина поради која решив да снимам спот за неа. Се одлучивме тоа да биде летен видео спот со атрактивни девојки во него, без разлика што летото веќе си замина“, изјави Крстески, а како изгледа и звучи „Милена“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑