Македонија дк

17 март, 2016

Даниел ќе дознае како е да се биде жена

По имитациите на Џибони и Бруно Марс, следната задача на нашиот Даниел Кајмакоски во шоуто „Твоето лице звучи познато“ е да ја имитира легендарната дива Тина Тарнер. Бидејќи овој пат ќе има улога на жена, тоа подразбира и депилација на нозе и раце, како и одење на потпетици, па пејачот конечно ќе дознае како им е на девојките.

„Ете и мене ми падна да бидам жена! Кога стигна поканата од ’Твоето лице звучи познато’, си ветив дека на секоја задача ќе гледам како на предизвик кој ќе ме натера да ги поместам сопствените граници. Тина Тарнер е одлична пејачка, а настапот кој ќе го видат гледачите ќе биде спектакуларен, така што ќе вреди маката. Тина е, пред сè, одлична пејачка чиј глас го сака целиот свет, па ова ќе биде првенствено тешка пејачка задача. Сè останато е само шминка“, изјавил Кајмакоски, додавајќи дека дел од оваа задача е и одењето, но и танцувањето на потпетици, што дефинитивно нема да му биде лесно.

„Сум скокал банџи од дури 174 метри височина, па верувам дека одење на потпетици е помалку стресно“, додал тој, признавајќи дека не се плаши од депилацијата. Како ќе се снајде во оваа улога ќе видиме в недела во 21 часот на телевизија „Сител“.

Извор: Вечер

 



Врати се горе ↑