Настани cover-eurofarm

8 мај, 2015

Даниел Кајмакоски Ве кани на предевровизиско дружење со фановите!

По завршување на промотивната турнеја, нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски заедно со својот официјален партнер за „Евровизија“ – аптеките „Еурофарм“, Ве покануваат на дружење со фановите, пред неговото заминување во Виена. На настанот фановите ќе имаат простор креативно да ги изразат симпатиите кон својот идол преку цртање и пишување, да се поздрават и фотографираат.

Настанот ќе се одржи на 9 мај (сабота) со почеток од 11 часот во просторот на „Еурофарм“ на бул. „Партизански одреди“ бр.1/1 (до Т.Ц. Буњаковец), а ќе трае сè до 13 часот.



Врати се горе ↑