Македонија

23 февруари, 2017

Даниел Кајмакоски стана татко

На Даниел Кајмакоски конечно му се оствари најголемата желба – да стане татко. Популарниот пејач, кој минатата година се ожени со поранешната манекенка Кристина Димитријеска, денеска стана татко на малиот Давид Кајмакоски, а веста ја сподели на социјалните мрежи, заедно со неколку фотографии од новороденчето.

дк

Имајќи ја предвид оваа нова улога за победникот на регионалните музички натпревари „Х фактор“ и „Твоето лице звучи познато“, кој пред само 3 дена се закити и со „Златна бубамара“ за најдобар пејач, се чини дека ќе треба уште малку да почекаме за нешто ново на музички план. После минатогодишниот хит „Само за љубов“, Кајмакоски неодамна гостуваше во новата песна на српската група „Неверне бебе“, темата „Још се надам“.



Врати се горе ↑