Македонија

21 јули, 2016

Даниел Кајмакоски со настапи во Охрид и Дојран

Овој и следниот викенд, Даниел Кајмакоски со бендот „Блекберис“ (Blackberries) ќе има концертни настапи во Охрид и Дојран. Во недела, 24 јули, ќе настапи во клубот „Кадмо“ во Охрид, а во петок, 29 јули, на првиот фестивал на пивото во Дојран, на Плоштадот под јаворите.

image-0.02.01.8c6f7ae7a256e2fc9283cdc50d02e28175f3ee2f8a80abcf7b76f130d3bc518c-V

По победата во емисијата „Твоето лице звучи познато“ и настапите во Македонија и Србија, Даниел вели: „Среќен сум што синглот ’Само за љубов’, кој го промовирав во март, помина одлично кај публиката во регионот. Сега работиме на нова песна и деновиве интензивно се подготвуваме со мојот бенд за настапите пред македонската публика. Се радувам што ќе се видиме наскоро! Дојдете заедно да направиме незаборавни летни концерти!“

image-0.02.01.e73b3518cd9bc71e6a90508b3258fd9bc2e22dbc22c747def89e25a464ab1c4d-V



Врати се горе ↑