Балкан 10374489_440482382721233_3446567503047621461_n

15 мај, 2014

Даниел Кајмакоски сними дует со Жељко Јоксимовиќ

Покрај подготовките за големиот концерт на ѕвездите од X Factor закажан за 7 јуни во Скопје, Даниел Кајмакоски сними дует со неговиот ментор од натпреварот, Жељко Јоксимовиќ. Оваа заедничка песна ќе добие и свој видео запис кој деновиве се снимаше во Скопје и Белград.

„Сосема случајно направив песна која Даниел и јас ја отпеавме кај мене во студио“, изјавил Јоксимовиќ за српски Телеграф, додавајќи: „Со оглед на тоа што и после натпреварот често се гледаме кај мене во ’Минакорд’, во една пригода почнав да свирам нешто на гитара и му реков: ’Гледаш, вакво нешто ми паѓа на памет’… Имав некоја моја стара музичка тема која веднаш ја разработив. И за момент настана песна.“ – рекол познатиот српски музичар, опишувајќи го дуетот како „една расположена, лесна и симпатична песна која заокружува еден период на дружење и заедничка работа која резултирала со триумф.

Дел од текстот напишал Фахрудин Пецикоза, а потоа останатото го довршил Драган Брајовиќ Браја, додека македонскиот дел од текстот го препеа Магдалена Цветкоска. Видео записот кој го потпишува Дејан Миличевиќ е сниман во центарот на Скопје и Белград.

Јоксимовиќ исто така одржа и прес-конференција по повод неговиот концерт во арената „Филип II“ во Скопје, кој ќе се одржи на 21 јуни.

Извор: Телеграф.рс/Фотографии: Минакорд



Врати се горе ↑