Македонија

31 јули, 2018

Даниел Кајмакоски најави нови проекти од септември

Даниел Кајмакоски после мала пауза повторно се враќа на музичката сцена. Причината за неговото отсуство беше оправдана – минатата година стана татко – па поради тоа реши да ја стави кариерата во втор план и да му се посвети на синот Давид, за кој вели дека во целост му го променил животот и го направил подобра личност.

„Откако се роди Давид, мојот живот доби комплетно нова димензија. Уживам во времето кое го минувам со него и максимално сум му посветен. Многу сме блиски и поврзани, се трудиме колку можеме почесто времето да го минуваме во природа, играме игри, сакам да има детство какво што сум имал и јас, без мобилни телефони и технологија“, вели Кајмакоски, кој во септември ќе промовира нов проект.

„Оваа пауза ми требаше, но од септември се враќам на кариерата. Веќе сум во преговори за нови песни и материјал, па наскоро ќе ги изненадам фановите со новитети“, вети пејачот, кој се прослави со победата во „Х фактор“, а последното што го слушнавме од него беше дуетот со „Неверне бебе“ за темата „Још ти се надам“.

Извор: Вечер.прес



Врати се горе ↑