Даниел Кајмакоски ќе пее во дует со Нина Бадриќ
Победникот на првата сезона од натпреварот „Х Фактор“ и миленик на целиот Балкан, Даниел Кајмакоски деновиве ќе настапи на јубилејните 10-ти „Руњичеви вечери“ во Сплит, Хрватска: „Среќен сум што на овие вечери (на кои порај другите ќе настапи и легендарниот Оливер Драгојевиќ) ќе пеам во дует со прекрасната Нина Бадриќ“, напиша Кајмакоски на својот профил на Фејсбук. Песната која ќе ја отпеат заедно го носи насловот „Један од многих“, а покрај нив ќе настапат и Фрајле, Јосипа Лисац и други.