23 август, 2016

Даниел Кајмакоски ќе настапи на музичките награди „Даф бама“ во Хамбург

Доделувањето на музичките награди „Даф бама“ ќе се одржи во сабота, 27 август во арената „Баркликард“ во Хамбург, Германија. Даниел Кајмакоски е поканет да настапи како претставник на Македонија и е номиниран за најдобар машки изведувач, како и за наградата од публиката за најдобар изведувач. На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација ќе бидат наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.

13912400_1380344891994042_1089522467653499251_n

Покрај регионалните награди за најуспешните, ќе бидат доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски  изведувач, изведувач и дебитант.

Кајмакоски е номиниран за најдобар машки изведувач заедно со  7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја. Публиката може да гласа на www.bama-music-awards.org.

На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат голем дел од номинираните ѕвезди.



Врати се горе ↑