Концерт 1504039_625164017573986_3410468415117409755_n

4 јуни, 2014

Даниел Кајмакоски ќе го отвори сензационалниот концерт на „Х Фактор“‏

Во сабота (7 јуни) конечно ќе имаме можност да бидеме дел од големиот концерт на финалистите на „Х Фактор“ кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Финалистите на „Х Фактор“ се веќе подготвени за првата средба со своите македонски фанови на овој сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21.00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20.00 часот.  Освен што е планирано тие да настапат со своите изведби од емисиите во живо на „Х Фактор“, дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски, а овој концерт ќе биде одлична пригода заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

 

„На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите тие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално“, изјави Даниел Кајмакоски.

Во контекст на последните шпекулации во медиумите за соработката на Даниел со „МБК“ продукција, тој додава: „Сето тоа не е точно. Излегоа муабети дека не сум ги добил наградите или дека нешто не е во ред со продукцијата, стварно тука не можам да ви дадам некој одговор, бидејќи и сами можете да видите дека автомобилот од наградата е тука, а паричната награда ќе ми биде доделена пред концертот во Скопје во сабота. За сè друго можам само најдобро да зборувам за нас како финалисти и за МБК продукција. Јас сум исклучително благодарен што имав можност да го доживеам сè ова што ми се случи со учеството и победата на Х Фактор. Продукцијата беше професионална и коректна кон мене за целото време, а нејзините обврски кон мене на најдобар начин завршуваат со концертот во Скопје, по што се надевам дека мојата кариера ќе продолжи и понатаму со нови успеси.

Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“ какоМладен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Маид Хеќимовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Во Скопје во сабота пристигнува и тим од 33 луѓе со вклучен стилист, тонец, продуценти од МБК продукција, креативниот директор на Х Фактор, како и бенд кој ќе ги придружува финалистите на сцената. На концертот ќе се испејат точно 45 песни, меѓу кои ќе имаме чест за прв пат да чуеме и неколку премиерни изведби на песни на финалистите, како на пример дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач, но и неколку изненадувања. Концертниот спектакл кој нè очекува во сабота ќе трае најмалку 120 минути. 

Сценската техника за овој концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ ќе ја поставуваат студио „БЕРАР“ од Србија и „ДВД 5“ од Скопје. Студио „Берар“ е застапник на водечките имиња на аудио, видео и светлосната технологија во светот, кое ги прати светските трендови и успеа да биде лидер на пазарот во југоисточна Европа за пренесување на најновите свтески знаења и достигнувања во оваа област. Покрај студио „Берар“, за сценската продукција во Скопје ќе се грижи и компанијата „ДВД 5“ од Скопје кои зад себе имаат долги години искуство во техничкото опремување и презентирање на вакви настани.

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници ги известуваме дека имаат уште малку време за да го осигураат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а останати се само уште 50 билети за најпопуларниот фан-пит, 280 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот. 

Важна напомена за сите кои ги купиле билетите за концертот на „Пилоти“ и Кики Лесендриќ, е дека истите не важат за овој концерт и истите треба да ги вратат на продажните места кои биле дел од претходнонајавениот настан кој никако не е поврзан со концертот на финалистите на „Х Фактор“.

Во текот на утрешниот ден (четврток, 5 јуни) сите влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“, „Камарад“, „Розе – Веро 2“.
  • Низ Македонија: Агора – Куманово, Зизи Топ – Охрид, Шишко – Кочани.
  • Онлајн преку www.mktickets.mk .

Додека пак во петок (6 јуни) бидејќи е неработен ден, влезниците сепак ќе можете да ги купите, но само во продажните салони на ONE во „Рамстор“, „ВЕРО Центар“, „Скопје Сити Мол“, како и во „Камарад“ (Рамстор) и „Розе“ (Веро 2).

Влезниците се продаваат по цена од:
Фан-пит – 700 денари,
Партер – 350 денари,
Трибини – 400 денари.

Овој атрактивен концерт кој е подготвен да понуди сензационално искуство за сите посетители е реализиран со поддршка и благодарение на „Кока Кола“, „Бимилк“, „Подравка“, „Македонија Сообраќај“, како и „Сител“ телевизија.



Врати се горе ↑