21 март, 2017

Даниел Кајмакоски и „Неверне бебе“ го објавија видеото за заедничката „Још ти се надам“

Српската група „Неверне бебе“ и нашиот Даниел Кајмакоски го објавија видеото за нивниот дует насловен „Још ти се надам“, кој премиерно беше прикажан вчера на регионалниот канал на Ем-ти-ви. Песната е дел од новиот албум на групата, „Прича о нама“, а комплетен автор е лидерот на бендот, Милан Ѓурѓевиќ.

Спотот го режираше Ведад Јашаревиќ,  во кој за гардеробата и модниот стајлинг  на членовите на групата и самиот Даниел се погрижила модната куќа „Мона“. Шминката е креација на Нена Илиќ и Аксентије Тошиќ, кој се погрижил и за фризурите. Во видеото се појавуват и неколку членови на лизгачкиот клуб „Олимпик“, српската лизгачка надеж Леона Рогиќ, како и прекрасните домашни галеничиња, кучињата од одгледувачниците „Акларо“ од Белград и  „Адорабл смајл“ од Панчево.



Врати се горе ↑