Настани daniel-kajmakoski

22 август, 2014

Даниел Кајмакоски и Наум Петрески ќе пеат на „Смоквијада 2014“ во Гевгелија

Традиционалната манифестација „Смоквијада“ годинава ќе се одржи на 30 и на 31 август во Гевгелија. На дводневната манифестација со своја програма ќе се претстават повеќе културно-уметнички друштва, при што на 30 август на ракометното игралиште ќе настапи Наум Петрески, а на 31 август на градскиот плоштад во Гевгелија ќе пеат Даниел Кајмакоски и браќата Иван и Кико Раденови

На оваа осма по ред манифестација, во која учесниците ги покажуваат своите вештини во правењето слатко од смокви, се очекува учество на многубројни натпреварувачи. За сите учесници организаторот обезбедува штанд, сендвич и безалкохолни пијалаци, а пријавувањето за учество е најдоцна до 25 август 2014 година. Освен ова, ќе се одржи и саем на храна, а целосната програма на манифестацијата можете да ја видите на Фејсбук.



Врати се горе ↑