Концерт

13 јуни, 2016

Даниел Кајмакоски гостин на концертот на Џон Њуман

Популарниот пејач што го освои Балканот и забележа дури две победи во регионалните музички емисии, Даниел Кајмакоски ќе биде гостин на претстојниот концерт на британската ѕвезда Џон Њуман, кој ќе се одржи на 21 јуни во арената „Борис Трајковски“. Веста ја соопштија организаторите од „Авалон продукција“, кои покрај овој, го организираат и концертот на уште една светска ѕвезда – Енрике Иглесијас.

12994319_1253716211323070_8131870295369864391_n

„Авалон продукција, како поддржувач на македонската музичка сцена, секогаш кога организира концерти на големи светски артисти, доставува барање до менаџментите на истите за настап на македонски артисти. На наше огромно задоволство, овој пат ни беше одобрено од менаџментот на Џон Њуман, како гостин на неговиот концерт закажан за 21 јуни во ВИП арената ’Борис Трајковски’, да настапи еден од најпопуларните пејачи во Македонија и на Балканот, Даниел Кајмакоски. Пред публиката, Даниел ќе се претстави со своите хитови што ги обиколија сите домашни и регионални тв и радио станици“, пишува во соопштението од продукцијата.

 

Исто така, од „Авалон“ деновиве соопштија и дека најбрзите 3.000 кои што набавиле влезници за концертот на Енрике, ќе можат да купат карта и за Џон Њуман со попуст од 50%! Цените на влезниците се движат од 990 до 2.000 денари, а можете да ги набавите на сите продажни места на „Купи карти за сè“, „Тикет плус и цвеќарата „Розе“ (Веро 2), како и онлајн на www.kupikartizase.com и www.ticketplus.mk.

 



Врати се горе ↑