Македонија dodela 2

25 април, 2014

Даниел Кајмакоски го доби автомобилот, најави сингл и турнеја!

На денешното доделување на наградата лукзусен автомобил МИНИ, победникот на првата сезона на музичкиот натпревар „X Factor Adria“ која се емитуваше на телевизиите Сител и ПинкДаниел Кајмакоски ексклузивно го најави својот нов сингл и регионалната турнеја на X Factor која ќе започне на 23 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а ќе продолжи во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Во пријатен амбиент во салонот на МИНИ во Белград, првиот победник на регионалната верзија од овој популарен музички формат свечено ја прими наградата луксузен автомобил МИНИ Купе Купер СД (MINI Coupe Cooper SD). Пред компанијата Делта Моторс, клучевите од овој модерен автомобил му ги врачи Горан Јовановиќ изјавувајќи: „Чест ни е што овој автомобил ќе го вози токму талентираниот Даниел Кајмакоски, првиот победник на еден ваков голем натпревар каков што е X Factor Adria.“

Во оваа пригода Даниел го најави и својот прв сингл, како и турнејата на суперфиналистите од натпреварот: „Вредно работиме на мојот сингл, веруваме дека ќе го завршиме до 23 мај кога ќе започне нашата регионална музичка турнеја и тоа токму во Скопје, така што сите посетители на концертот ќе имаат можност ексклузивно да ја слушнат мојата прва песна. Многу сум возбуден што од денеска ќе го возам овој прекрасен автомобил, награда од продукцијата МБК и компанијата Делта Моторс.“

 Фотографии: Лука Пилиповиќ


Врати се горе ↑