Македонија 13754692_10153995683387479_4115824793972788696_n

27 декември, 2016

Даниел Јовески со новогодишен подарок за своите колеги

Докажаниот музичар, продуцент и режисер Даниел Јовески одбележува 5 години работа, па по повод јубилејот одлучи на 5 свои колеги да им подари по една песна и видео запис, но кои ќе бидат петте добитници на овој пакет ќе одлучи македонската публика.

Имено, Јовески организира своевиден натпревар во чии рамки ќе се натпреваруваат верните обожаватели на педесет музички имиња од македонската сцена, меѓу кои Елена Ристеска, „Нокаут“, Елена Велевска, „Паркети“, Виктор Апостоловски, „Суперхикс“, Тамара Тодевска, ДНК, Каролина и многу други.

Гласањето е веќе започнато и ќе трае сè до 5 јануари, па доколку Вашиот фаворит е меѓу педесетте номинирани, Вашата поддршка можете да ја дадете на овој линк.

daniel-joveski



Врати се горе ↑