Галерија IMG_33171

12 мај, 2015

Даниел ги сподели впечатоците од првиот ден на „Евровизија 2015“

Првиот евровизиски ден на Даниел Кајмакоски беше и повеќе од возбудлив, пишува на неговиот евровизиски блог. После првата проба и прес-конференција во виенската арена, тој изјави: „Многу сум среќен што добивме толку позитивни реакции. Сигурен сум дека со нашата сценска изведба се движиме во вистинската насока. Многу ми значи поддршката од моите идоли од ’Мрџ’ и се чувствувам сигурен на сцена. Морам да кажам дека организацијата е фантастична и дизајнот на сцената е едноставно прекрасен!“

После првата прес-конференција и бројните интервјуа, изгледа дека Даниел ги воодушеви новинарите со неговите шармантни и искрени одговори за неговата музичка кариера, растењето во Виена, поддршката од неговото семејство и, секако, неговата песна „Autumn Leaves“.

„Не можам вистински да ја почувствувам евровизиската еуфорија заради актуелната состојба во Македонија. Моите мисли се со македонскиот народ. На Евровизија ќе пеам за мојата земја со цело срце“, заклучи Даниел.



Врати се горе ↑