4 ноември, 2012

Даниел Бедингфилд се враќа со провокативен спот? (18+)

По речиси седум години пауза од музичката сцена, британскиот пејач Даниел Бедингфилд се враќа со нова песна и провокативен видео запис. Имено, пејачот со причина долго го немаше пред очите на јавноста бидејќи во 2004 година одвај преживеа тешка сообраќајна несреќа во Нов Зеланд.

Со нови сили, Бедингфилд се враќа во музичкиот бизнис, а тоа го направи снимајќи провокативен видео запис за неговата нова песна „Secret Fear“,  во кој се обидел да го привлече вниманието со црна убавица која многу малку и остава на фантазијатата, а и двајцата се потполно голи. Вода, задници, гради и малку насилство… Критичарите ќе се согласат дека тоа е сосема доволно за да се привлече вниманието.

Спотот е забранет за лица под 18 години!



Врати се горе ↑