Македонија

23 јули, 2018

Дани во Египет пееше за еднаквост на половите

Дани Димитровска деновиве престојува во Египет, а причина за нејзиното патување овој пат бил нејзиниот концерт што го одржала во Александрија по повод манифестацијата „Музика за развој“. Целта на концертот била да се зголеми свесноста за еднаквост на половите во Египет, а нашата пејачка, која инаку е и амбасадор на Y-PEER, испеала три песни.

„Десет години сум амбасадор на Y-PEER. Сега можам да го проширам моето искуство и среќна сум што е така“, рече Дани.

Таа пред три недели запознала млада пејачка од Александрија, па заедно работеле на нови, тематски песни за концертот.

„Се договоривме да направиме шест песни, секоја од нив да се однесува на конкретна тема поврзана со правата на жените во оваа земја. Тука сум да го споделам моето десетгодишно искуство. Се надевам дека на овој начин ќе поттикнам и други млади пејачи од Египет да го кренат својот глас и да ја зголемат свесноста за овој проблем со кои се соочуваат младите девојки“, додаде Дани.

Interview for “Egypt Independent” 🙏🏻Proud of our new Y-Peer Ambassadors, proud of my Egypt music team, proud of the…

Gepostet von Dani Dimitrovska am Donnerstag, 19. Juli 2018

Извор и фотографии: Вечер.прес



Врати се горе ↑