Македонија dani33

8 јануари, 2014

Дани стана амбасадор на модниот бренд ПС Фешн

Токму онака како што прилега на еден голем моден бренд, ПС Фешн го одбра својот амбасадор за Македонија. Секогаш насмеаната, позитивно расположена, девојката која плени со својата енергија, поп-рок артистот Дани Димитровска стана заштитно лице на оваа позната регионална модна куќа. Посветена на дизајнот и производството на префинета женска гардероба, накит и аксесоари ПС Фешн за кратко време го освои српскиот пазар, но и останатите во регонот. Веќе неколку месеци модниот бренд чии производи ја прават секоја жена самоуверена и среќна затоа што она што го носи совршено и прилега, е присутен и во Македонија, а Дани Димитровска ја одбраа како соодветно заштитно лице.

„Во Дани го пронајдовме токму она што го баравме за еден наш амбасадор: моќна и успешна модерна жена, со изграден препознатлив стил, секогаш подговтвена да се соочи со предизвиците. Истовремено таа е женствена и софистицирана, па нашите модни парчиња совршено прилегаат на нејзиниот имиџ“ – изјавува Марија Михајлова, застапник на ПС Фешн за Македонија.

„Да се биде амбасадор на еден ваков моден бренд за мене е голема чест и задоволство. Се пронајдов во нивните префинети модели и се чувствувам како комплетна вистинска дама презентирајќи ја оваа модна куќа“ – вели Дани.

Семејната приказна на ПС Фешн започнала 1995-та година во Србија, а денес освен во Македонија е присутна со повеќе од 70 продавници во  Србија, Хрватска, Малта, Босна и Херцеговина, Црна Гора.



Врати се горе ↑