Македонија 14680680_1254566094564259_5285357276225156313_n

12 јули, 2017

Дани со нов албум наесен

„Град за љубов“ е насловот на новиот албум на Дани Димитровска, чија промоција се очекува наесен. Пејачката го најави новото издание со неодамна објавената песна „Нема две“, чие видео содржи снимки од филмот „Градот на Вардар“ (1962) од Бранко Гапо, а наскоро се очекува уште еден сингл.

„Албумот е веќе подготвен, последните подготовки се во тек и би требало да излезе кон крајот на септември или почетокот на октомври. Ќе содржи 8 песни, од кои 3 се веќе добро познати, а после овој сингл (Нема две) кој веќе е во етер, ќе пуштиме уште еден што се вика ’Младост“. И за него ќе се снима видео што ќе излезе во август, а потоа заедно со промоција ќе извадиме уште еден сингл, па ќе останат две или три песни што нема да бидат чуени“, откри Дани во разговор со „Макфакс“.

И за овој материјал пејачката ги здружи силите со долгогодишната соработничка Весна Малинова Бабамова, со која соработува веќе 18 години и која ги потпишува сите текстови, аранжер и продуцент е Кирил Бабамов, а снимен е во студиото „ХЛ“ на Дејан Момировски со сите инструменти во живо. Целиот разговор погледнете го овде, а на најновиот сингл можете да се потсетите во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Ѓорѓи Вацев



Врати се горе ↑