Свет дм2

31 јули, 2017

Дани Миног најави враќање на сцената, веројатно со сингл од Сиа

Иако најчесто останува во сенката на својата мошне попозната сестра, австралиската пејачка Дани Миног одлучи да ја обнови својата музичка кариера, а првиот сингл ќе стигне на 11 август. Имено, 45-годишната пејачка премиерно ќе ја отпее својата нова песна на прославата на 40. роденден на нејзината поранешна етикета „Сентрал стејшн рекордс“ (Central Station Records), а во план се и уште неколку нови песни до крајот на годинава.

дм

Откривајќи детали за новиот материјал, Дани изјави дека изданието ќе го објави независно, па во моментов ги истражува можностите и начините на реализација. Исто така, таа откри дека добила песна од својата сограѓанка, хитмејкерката Сиа, но сè уште не е познато дали токму тоа ќе биде новиот сингл.



Врати се горе ↑