6 февруари, 2013

Дани, Карим и Си Лемхаф со заедничко ремек дело – „Never Give Up“

Karim Kamel/Egypt, Si Lemhaf/Tunis i Dani – сите тројца амбасадори на Y-Peer светска мрежа за борба против сида, направија уметничко дело. Песната има арапски карактер, здружувајќи ги нивните традиционални инструменти и ритам, но затоа Дани ѝ дава модерен шарм и моќност на истата изразувајќи го нашиот, односно европскиот лик и темперамент. Песната носи силна порака која ниеден не остава рамнодушен особено во периодот во Каиро кога владее брутално насилство врз жените, агресија, протести и нетрпение.

Аранжманот е на Si Lemhaf, ултра популарен бенд од Тунис, музиката заедничка, а Дани е одговорна за својот дел.  Песната ја создаваа заеднички во Каиро во јули минатата година. Видеото е снимено во Каиро во периодот на големата револуција – ноември 2012 година.

“Never Give Up” има огромно значење за сите тројца артисти истовремено, секој засегнат на свој начин.

Дани вели: „Y-Peer се оние момци и девојки од секаде низ светот кои при секоја средба ме дрмаат со неверојатни реални приказни, со единствената потреба за промени, со борбеноста, трпението, волјата за подобро утро. Не мислам дека направивме премногу, само плукавме куп емоции за кое се надеваме дека масата ќе ги препознае и барем ќе размисли пред која било следна нечовечна постапка. Благодарам на UNFPA од Каиро и Скопје за поддршката и довербата. Одиме понатаму!”

Погледнете го видеото и што би рекла Дани – spread love and share hope!

 




Врати се горе ↑