Македонија 1044560_596513033702905_1814448430_n

7 јули, 2013

Дани ја прими златната плакета на „Детскиот арапски конгрес“

Во изминатите денови, Дани претстојуваше во Аман, Јордан, каде што на покана од кралицата Нур го отвори „Детскиот арапски конгрес“. Пејачката во последниве две години беше фокусирана на реализацијата на бројните проекти, посетуваше тамошни училишта, разговараше со активисти од Y-Peer мрежата, споделуваше искуства, настапуваше со свои и заеднички песни направени со музичари од тој регион. За нејзините заложби, активности и несебична инволвираност во едукација на младите како и поддршка на младиот арапски свет во донесувањето одлуки и активно учество во општеството, Дани доби златна плакета лично од кралицата Нур.

Оваа значајна плакета ја имаат добиено амбасадорите на добрата волја како Анџелина Џоли, Рики Мартин и бројни тамошни познати лица. По враќањето од Јордан, следува концертен настап на отворањето на големиот Пиво Фест во Прилеп, кој ќе се одржува од 18-21 јули.

 



Врати се горе ↑