Видео

7 февруари, 2019

Дани ја екранизираше макфестовската „Време“

Како најава за претстојниот славенички концерт со оркестарот на Македонската филхармонија, по повод 20 години музичка кариера, Дани Димитровска го претстави видеото за макфестовската „Време“, со која го освои второто место на минатогодишното издание на фестивалот.

Автори на оваа прекрасна балада се нејзините долгогодишни соработници Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов, а продуцент е Дејан Момировски, во чие студио „ХХЛ“ е снимена самата песна, додека на виолончело гостува Наташа Јованоска – Атанасова.

Сето тоа визуелно го дополни Чедо Поповски, а резултатот, како што вели Дани, е „четириминутно пакетче емоции за навек“. Снимањето се одвиваше на повеќе локации низ земјава и надвор од неа, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение.

 

Само за потсетување, славеничкиот концерт на Дани е закажан за 7 март во Македонската филхармонија, каде што пејачката ќе ги изведе своите најголеми хитови од дведецениската кариера во придружба на оркестарот на филхармонијата, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Влезниците по цена од 600 денари се веќе пуштени во продажба онлајн на „МК ТикетсКарти“ и во продажните места на „Литература.мк“ во Скопје.



Врати се горе ↑