Аудио 33805_181462108541335_5087338_n

20 декември, 2012

Дани испеа новогодишна песна за „Кока Кола“

„Празнична магија“ е насловот на песната која ја пее Дани Димитровска, која ја напиша и продуцираше Александар Митевски.  Компанијата Кока Кола оваа година за прв пат реши да ја пренесе магијата во Македонија преку автентична македонска новогодишна песна, пренесува Вест.  
„За мене новогодишните празници се вистинска мафија. Ми се допаѓа што и самата песна ги истакнува истите работи кои ми се и мене важни, а мислам дека и на сите луѓе: семејните вредности, радоста и оптимизмот, особено за време на празниците кога луѓето со задоволство се собираат. Израснав со Кока Кола. Посебно се воодушевувам на нејзините новогодишни реклами. Импонира моментот дека за прв пат имаме официјална македонска новогодишна песна за овој бренд. Нивното јато на новогодишни изведувачи е големо: Наташа Бедингфилд, Трејн и уште многу други“ – изјавила Дани.
За Александар Митевски, создавањето на песната беше голем предизвик и задоволство: „Создадовме песна која на вистински начин комуницира со луѓето, на нивен јазик, во нивен ритам.“ – вели авторот на песната. Во продолжение слушнете ја целосно „Празничната магија“.

Фото: Бојан Митковски

 



Врати се горе ↑