23 февруари, 2018

Дани го објави видеото за „Да заборавам“

Популарната пејачка Дани Димитровска го претстави најновото продолжение од приказната „Град за љубов“, за која вчера се закити со златна бубамара за албум на годината, а тоа е екранизацијата на темата „Да заборавам“.

Како и на останатите теми на изданието, автори на песната се Весна Малинова – Бабамова (музика и текст) и Кирил Бабамов (аранжман), а инструментите ги свират: Зоран Костадиновски (гитара), Кирил Бабамов (бас-гитара) и Благоја Антовски (тапани), додека придружните вокали ги отпеа самата авторка Весна Малинова – Бабамова.

За снежното видео, пак, се погрижи Дејан Матиќ (Део), со поддршка од Чочо, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!

Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑