Настани Sara Mace Matica

18 јуни, 2014

Дани Димитровска, Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Александар Митевски вечерва ќе потпишуваат книги во клуб „Матица“

„Будни со книга“ е одлична можност за сите вљубеници во книгата, пригода која не се пропушта, манифестација на која книгите од различни жанрови може да се купат по исклучително популарни цени. Годинава, покрај Лагуна Клубот, се приклучија и светските издавачки гиганти Pan Macmillan, Harper Collins, Penguin, Orion, Random, Transworld… Воедно, со оваа манифестација клубот „Матица“ ќе ја најави и својата традиционална летна книжевна кампања „Со книга на плажа“, манифестација која годинава го прославува својот 15-ти роденден.

Традиционалната манифестација „Будни со книга” има за цел да им овозможи на граѓаните нивните омилени наслови да им се достапни и во текот на ноќта. Токму затоа, Клуб Матица вечерва до 00:00 часот ќе понуди многу наслови, попусти, надополнети со познати пејачи и јавни личности кои ќе се дружат со посетителите. Дани Димитровска, Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Александар Митевски ќе потпишуваат книги за сите оние кои до 24 часот ќе се дружат со книгите на Булеварот на книгите.



Врати се горе ↑