Македонија STE_2716

2 јуни, 2014

Дани Димитровска дел од отворањето на „П.С. Фешн“ во Струмица

Брендот „П.С. Фешн“ e долги години присутен на Балканот и го освојува регионот. Следејќи ги модните трендови и создавајќи квалитетни производи, брендот „П.С. Фешн“ е една од компаниите кои докажуваат дека креирањето на имиџот, пред сè зависи од квалитетот на производите, но и од тоа колку купувачите се задоволни од истиот. Во Република Македонија, брендот „П.С. Фешн“ е речиси една година присутен на пазарот. Одличните резултати, како и создадената база на задоволни клиенти, овозможија ширење на продажната мрежа и опфаќање на другите градови во републиката, покрај главниот град.

Вториот продажен салон на „П.С. Фешн“, во присуство на огромен број поддржувачи и пријатели на брендот, новинари како и познати јавни личности, се отвори во Струмица. Истиот се наоѓа во состав на комплексот Мај Маркет, на ул. „Климент Охридски“. На отварањето беше присутна и Дани Димитровска, која е македонското промо лице на брендот.

„Анализирајќи го составот на дами кои членуваат во нашиот ВИП клуб, забележавме интересен факт кој ни укажа дека голем дел од членовите се од Струмица и Тетово. Токму затоа, со цел да се доближиме поблиску до оние кои навистина ја ценат вредноста на нашиот бренд, решивме да ја прошириме продажната мрежа прво во Струмица, а веднаш потоа и во Тетово. Струмичанките имаат навистина префинет вкус, па веруваме дека со отварањето на продажниот салон на П.С. Фешн во Струмица, ќе им овозможиме да ги купуваат своите омилени парчиња многу поблиску до нив”, изјави Марија Михаилова, Генерален менаџер на П.С. Фешн Македонија.

Отварањето беше проследено со попусти на најновата колекција Лето 2014, како и беа доделувани трајни ВИП картички за сите оние кои решија на денот на отварањето да купат дел од парчињата во продавницата.

„П.С. Фешн“ се карактеризира со префинетост, трендовски парчиња и одлична изработка на истите – аспекти кои го направија омилена модна продавница на многу дами. Ширењето на продажната мрежа продолжува со отварањето на продажен салон во Тетово. Истиот ќе биде дел од РЕМ Центарот, а отварањето е закажано  за 18 јуни 2014 година.



Врати се горе ↑