10 септември, 2014

„Дан после“ е новиот сингл на „Ева Браун“

По седум, осум, можеби дури и десет години, српската група Eва Браун во саботата (6 септември) одржа концерт за паметење во „Клуб 4“ во својот роден град Бечеј. На еден ѕид во овој клуб се истакнати значајни моменти на групата – фотографии, обвивки од плочи, плакати, но и бас гитарата на Горан Обрадовиќ Обре. Како што велат од бечејскиот „Клуб 4“, овој таканаречен „ѕид на славата“ е само мал израз на благодарност на бендот кој подолго од две децении го шири позитивниот дух на овој војводински град.

Токму на овој концерт, „Ева Браун“ го промовираше и својот нов сингл кој го носи насловот „Дан после“ и кој е објавен по три години дискографска пауза. Видео записот за оваа тема денеска точно на пладне ја доживеа својата веб премиера на веб страната на MTV.rs, а веднаш потоа беше објавен и на сервисот ЈуТјуб. За екранизацијата на песната се погрижија Александар Мариќ (режија и монтажа), Саша Вујичиќ (снимател) и Александра Видановиќ (светло мајстор, сценограф и девојка во видео записот).

„Уживавме во работата на новата песна! Експериментиравме со звукот и поигравме дури и со електрониката, така што новата песна доста се разликува од сè што сме твореле досега. Многу сме задоволни од резултатот, но и од досегашните реакции на публиката. Песната „Дан после“ е најава на ЕП изданието кое ќе го објавиме на пролет.  А дали сите песни ќе бидат такви… не сум сигурен. Ќе видиме каде ќе нè одведе креативниот процес“, изјавил Горан Васовиќ – Васке, фронтменот на групата.

Покрај тоа што ќе продолжат со работа, момците од „Ева Браун“ ќе бидат и концертно активно во текот на есента. Како звучи и изгледа нивниот нов сингл можете да видите горе.

 Фотографии: Ана В. Даниловиќ

 Корисни линкови:

facebook.com/evabraunonline

youtube.com/evabraunonline

evabraun.net 



Врати се горе ↑